Top Sport

Атаман: Обрадовиќ и Фенер се како Поповиќ и Спарси – ние игравме како Голден Стејт

Турски Анадолу Ефес вчера првпат во клупската историја се пласираше во финалето на Евролигата. Избраниците на тренерот Ергин Атаман го надиграа во полуфиналето градскиот ривал, тимот на Фенербахче.

Турскиот стратег ја пофали играта на своите избраници предводени од Шејн Ларкин и Василије Мициќ и својата екипа ја спореди со НБА тимот, Голден Стејт Вориорс.

„Фенербахче и Обрадовиќ се како Сан Антонио Спарс и Грег Попович, но ние игравме како Голден Стејт“ – рече Атаман по натпреварот.

Ефес утре од 20.30 часот во финалето ќе се надигрува со московска ЦСКА која беше подобра во полуфиналето од мадридски Реал.

„ЦСКА и Клајбурн се како Милвоки и Адетокумбо, така што ќе имаме уште еден голем натпревар“ – рече тренерот на Анадолу Ефес.

Scroll to Top