Top Sport

Валенсија во „фотофиниш“ стигна до ЛШ, Хетафе, Севиља и Еспањол во Лига Европа

Шпанска Валенсија во последното коло од Примера славеше гостинска победа кај Валјадолид со 0-2 и со тоа си обезбеди пласман во Лигата на шампиони идната сезона. Солер и Родриго беа хероите на Валенсија кои и донесоа важни 3 бода на екипата.

Иако до последно се надеваше на пласман во ЛШ, Хетафе остана со празни раце, па следната сезона ќе мора да се задоволи со настап во Лига Европа. Хетафе двапати водеше на мечот на домашен терен против Вилјареал, но на крајот мечот заврши нерешено 2-2.

epa07581566 Getafe’s Jaime Mata (L) in action against Villarreal’s Ramiro Funes Mori (R) during a Spanish LaLiga soccer match between Getafe and Villarreal at the Coliseo Alfonso Perez in Getafe, Madrid, Spain, 18 May 2019. EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

„Друштво“ во ЛЕ на мадридскиот клуб ќе му прават Севилја и Еспањол. Андалузијците славеа со 2-0 против Атлетик Билбао, додека Каталонците беа поуспешни со истиот резултат против Реал Сосиедад.



Scroll to Top