Хуан Мата би сакал да остане на „Олд Трафорд“ и да игра за Манчестер јунајтед додека наполни барем 40 години, исто како легендата на клубот Рајан Гигс.
29-годишниот Шпанец беше поврзуван со трансфер кога во Јунајтед дојде Жозе Мурињо, тренерот кој му дозволи да замине од Челси во Јунајтед во јануари 2014 година, меѓутоа Мата заработи клучна улога во тимот и Мурињо сега призна дека би можел да го продолжи договорот и по ова лето.
„Имам 29 години и се надевам дека ќе играм фудбал уште многу. Би било одлично да играм како Рајан Гигс до 40 години. Но, тоа е уште далеку, за 11 години. Никогаш не знаеш што ќе се случи во фудбалот и животот. Сега сум среќен тука и не би имал проблем да останам подолго време“, вели Мата.