Top Sport

Џошуа тренира на Бурж aл Араб и размислува за Паркер (видео)

Следниот меч на Ентони Џошуа ќе биде пресметката со ВБО шампионот, Новозеланѓанецот Џозеф Паркер во „О2 арената“ во Лондон на крајот на март, објавува британскиот „Спортсмејл“.

Услов за мечот да се одржи е да се договорат условите со Паркер, но промотерот на Џошуа, Еди Херн е сиурен дека ќе има среќен исход. Тимот на Паркер прво бараше 40 отсто од наградниот фонд, но сега таа сума е намалена на 35 отсто.

„Поблиску сме до меч од претходно. Разговаравме со неговиот тим и сега сме блиску до договор. Сигурен сум дека ќе успееме и рокот на на крајот на март. ‘О2 арената’ е совршено место за враќање, бидејќи Еј-Џеј секогаш бил одличен таму. Ако тие се сериозни наскоро ќе имаме потврда“, изјави Херн.

Додека Херн преговара, Џошуа ја искористи посетата на Дубаи да има славна тренинг сесија на хелиопадот на врвот на хотелот „Бурж ал Араб“.

Тимот на Џошуа е загрижен дека Паркер само сака да ги искористи преговорите да го зголеми своето присуство во медиумите. Оваа недела, Паркер и неговиот промотор Дејвид Хигинс имаа прес-конференција на која ги анализираа слабостите на Џошуа преку снимки од претходните мечеви.

Иако со победа над Паркер, Џошуа би ја додал и ВБО титулата на ИБФ и ВБА трофеите кои ги поседува, несомнено фановите повеќе сакаат дуел со ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер, во пресметка на двајца боксери со силен удар и со стил во рингот.

Паркер: Нека не го чекаат Џошуа, јас ќе го „средам“

Scroll to Top