Top Sport

Жунињо се враќа во Лион!

Легендата на Лион, Жунињо Пернамбукано ќе се врати во францускиот прволигаш како спортски директор, потврди претседателот на клубот, Жан-Мишел Ола.

Жунињо помина осум години во Лион од 2001 до 2009 година, период во кој имаа рекордни седум титули во Лига 1. Тој беше познат по своите слободни удари и постигна 100 гола во 350 натпревари пред да се врати во Бразил во Васко да Гама. Поранешниот плејмејкер ја заврши кариерата во 2013 на 38 години.

Во Лион, тој ќе работи со својот сонародник Силвињо, кој го замени Виктор Женесоио на клупата на францускиот клуб.

„Се видов со Жуни двапати во Лос Анџелес и конечно го добив одговорот кој го посакував. Тој ќе дојде кај нас бидејќи го сака клубот“, вели Ола.

Scroll to Top