На „Хумска“ во Белград не се слави титулата, но тоа не пречеше Партизан да му приреди убаво испраќање на својот капитен, Саша Илиќ, кој го одигра својот 875. и последен меч во „црно-белиот“ дрес при 2:0 победата над Пролетер.
Цената на влезниците за мечот беа симболични 22 динари, во знак на бројот на дресот на Илиќ и пред десетина илјади гледачи тој се збогуваше со својот клуб, почнувајќи со 20-часовен филм за неговата кариера, во кој зборуваа Љубиша Тумбаковиќ, Милош Радаковиќ и други големи имиња на Партизан.
Пред почетокот, децата од школата на Партизан, соиграчите и членовите на стручниот тим му направија почесна стража на Илиќ, а сите фудбалери носеа маски со неговиот лик.
? This afternoon Saša Ilić received a gift from the club’s president in the trophy hall in the presence of former players and staff, club officials, friends and family pic.twitter.com/CpCEu4DQih
— Partizan Belgrade ?? (@FKPartizanEN) May 19, 2019
— izrazitifavorit (@izrazitifavorit) May 19, 2019