Можноста Фернандо Алонсо да ја оствари тројната круна во мотоспортот ќе мора да почека барем една година, откако двократниот Формула 1 шампион не успеа да се квалификува за Индијанаполис 500 трката на таканаречениот „бамп“ ден на славната американска патека.
Алонсо успеа да постигне само четврто најдобро време од шесте возачи кои се бореа за последните три позиции на стартот, и Шпанецот со Мекларен останува без трка откако Кајл Кајзер, последниот возач на патеката успеа да го победи.
Ова е засрамувачка случка за Мекларен, откако тимот се мачеше со постојани проблеми со болидот и едноставно не беа доволно брзи за настап.
„Квалификациите беа навистина долги, речиси 56 часа од вчера наутро. Вчера бевме 31. наместо 30., денеска 34. наместо 33., така што навистина немавме среќа. Разочаран сум што нема да возам следната недела. Му благодарам на тимот и сега ќе ја гледаме трката на ТВ за жал“, изјави Алонсо.
Французинот Симон Пажено ќе го стартува 103. издание на Индијанаполис 500 од пол-позицијата. Трката се оддржува следната недела во 17 часот.