Перуџа потврди дека се разделува со тренерот Алесандро Неста откако клубот не успеа во обидот да се врати во Серија А по долга пауза.
Поранешниот дефанзивец на Милан и Лацио, ја презеде Перуџа минатиот мај и успеа да ги донесе до плејофот за влез во Серија Б, но само откако Палермо беше исфрлен во третата лига. Сепак, тој останува без работа по 4:1 поразот од Верона, со кој клубот од Умбрија останува уште една година во втора лига.
„Едно неверојатно искуство завршува денеска. Пораснав, работејќи ја работата која ја сакам. Благодарам на Перуџа, на моите фудбалери и на навивачите за убавата сезона. Беше многу напорно, со некои возбудливи моменти, на крајот позитивни и конструктивни“, вели Неста.
Неговиот поранешен колега од италијанската репрезентација, дефанзивецот Масимо Одо е фаворит да го наследи 43-годишниот Неста на клупата.