Top Sport

Конте ќе се „опари“ – Челси мора да му плати 10 милиони евра

Челси ќе мораат да му исплатат на својот поранешен менаџер, Антонио Конте 10.3 милиони евра во компенација откако италијанскиот тренер ја доби легалната битка.

Според „Тајмс“, трибуналот за арбитража на Премиер лигата одлучил во корист на Конте, и сега на англискиот клуб му преостанува само жалба до Врховниот суд на Велика Британија.

„Сините“ го отпуштија италијанскиот тренер минатото лето, една година пред крајот на неговиот договор, а неговите адвокати тврдеа дека му должат 9 милиони фунти доколку тој не замине во друг клуб. Челси пак, тврдеа дека 49-годишниот Конте со своето однесување предизвикал прекин на договорот по конфликтот со Диего Коста.

Ова не е првпат Челси да исплаќа голема сума на своите тренери – од преземањето на клубот од страна на Роман Абрамович во 2003 година, тој има исплатено повеќе од 70 милиони фунти на компензација на отпуштени тренери.

Scroll to Top