„Скај спорт Италија“ и порталот „Гол“ се согласуваат дека Јувентус се многу блиску до потписот на српскиот фудбалер од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Според „Скај“, Јуве уште миното лето биле заинтересирани за популарнито СМС, но сега „старата дама“ е посветена да се склучи договор и веќе начелно се договорени со него, а сега следува тешката пречка – преговорите со претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.
Лотито претходно најавуваше дека неговиот талент вреди „најмалку 150 милиони евра“, но сега сумата е пониска, и се верува дека Јуве ќе може да ја завршат зделката за 90 милиони евра.
24-годишниот Милинковиќ-Савиќ имаше неубедлив настап на Светското првенство во Русија минатото лето, и спор старт на сезоната 2018/19, пред да помогне Лацио да ја освои титулата од Копа Италија и наградата за најдобар играч од средниот ред во Серија А.