Top Sport

Шаќири си оди, доаѓа Чуквуезе?

Ливерпул во летниот преоден рок ќе го продадат Џердан Шаќири за да можат од Вилјареал да го донесат 20 годишниот Самуел Чуквуезе.

Шаќири на почетокот на сезоната пристигна во Ливерпул, не успеа да се избори за место во тимот, иако одигра неколку одлични натпревари. Од друга страна Чуквуезе беше еден од најдобрите играчи на „жолтата подморница“.

Скаутите на Ливерпул неколку пати го следеле младиот Нигериец, кои му го препорачале на тренерот Јирген Клоп.

Чуквуезе е крилен напаѓач, сезонава во Ла Лига настапи на 26 натпревари на кои постигнал пет гола.

Scroll to Top