Top Sport

„Донесов вистинска одлука кога решив да заминам од Реал“

Аријан Робен доскорешниот фудбалер на Баерн Минхен, рекол дека најдобра одлука во кариерата му била во 2009 година кога решил да го напушти Реал Мадрид. Робен за Реал настапил на 65 натпревари и постигнал 13 гола.

Робен во 2007 година од Челси пристигна во Реал, а две години подоцна за 25 милиони евра го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Во 2009 година во Реал пристигнаа неколку нови фудбалери меѓу кои беа Кристијано Роналдо и Кака.

„Одлуката не ја донесов само поради Роналдо…Флорентино Перез се врати на претседателската функција, во клубот дојдоа Роналдо, Кака, Бензема, Чаби Алонсо…Многу пари потрошија и мора да продаваат. Мене не ми беше пријатно бидејќи имав одлични односи со тренерот Мануел Пелегрини, а го имав и најдобриот подготвителен период во кариерата“, рекол Робен.

„Навистина се чувствува добро во Мадрид, играв добро, но кога политиката ќе се вмеша и кога нема да добиете шанса да се докажете, тогаш мора да решите што да правите“.

Холанѓанецот рекол дека не му било лесно да ја донесе одлуката да го напушти Реал Мадрид.

„Целта ми беше да ја освојам Лигата на шампионите, а Баерн во тој период немаа многу успеси во Европа. Сакав да докажам дека сум доволно добар. Трансферот во Баерн е мојата најдобра одлука во кариерата“, заклучил фудбалерот кој по една деценија замина од Минхен.

Scroll to Top