Позицијата на Нико Ковач како тренер на Баерн Минхен никогаш не била неизвесна и покрај многубројните шпекулации во германските медиуми, вели претседателот на бордот на клубот, Карл-Хајнц Румениге.
Хрватот дојде на „Алијанц арената“од Ајнтрахт Франкфурт на почетокот на сезоната и по слабиот старт, Баерн, сепак, успеа да ја помине Борусија Дортмунд и да ја освои титулата, а во сабота игра во финалето на ДФБ купот против РБ Лајпциг. По интензивните шпекулации за конфликти во соблекувалната, Румениге вели дека нема да има промена на тренерот без разлика на резултатот овој викенд.
„Би било лудо да правиме одлуки за иднината во зависност од еден натпревар. Јас и Ковач немаме проблеми, сè е едноставно и искрено. Никој не размислува тој да не е е тренер на Баерн следната сезона. Кога ќе имаш ваква прва сезона во Баварија, тоа мора да се смета за успех. Тој е млад, релативно неискусен тренер и ќе биде уште подобар“, вели Румениге за „Билд“.