Пари Сен-Жермен не се откажуваат од можноста да го донесат Бразилецот Алан од Наполи и подготвени се да платат 50 милиони евра, тврди „Франс фудбал“.
ПСЖ веќе се обиде да го обезбеди потписот на фудбалерот од средниот ред во јануари, но претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис одби соработка. 28-годишниот Алан е вклучен во репрезентацијата за Копа Америка, така што во Наполи знаат дека неговата цена може да скокне повеќекратно во зависност од настапите, но ПСЖ сака договор пред стартот на континенталното првенство.
Алан дојде на „Сан Паоло“ од Удинезе во 2015 година и оттогаш има 179 настапи за Наполи. И покрај тоа што се работи за фудбалер кој има многу контакти со противничките фудбалери, тој има само 22 жолти картони и ниту еден црвен во дресот на Наполи.