Top Sport

Во Индикар следната сезона ќе се вози со „шофершајбни“

Американската тркачка серија Индикар од следната сезона на своите болиди ќе монтира систем за заштита на главата и вратот, „Аероскрин“ во дизајн на Ред бул технолоџи, технологија која беше отфрлена како идеја во Формула 1, и која, реално изгледа како да се поставува „шофершајбна“ или ветробран на болидите.

Индикар се смета за една од најопасните тркачки серии со болиди на светот, и организаторите сметаа дека оваа технологија е понапредна од „хејло“ (ореол) системот кој се користи во Формула 1.

Заштитата се состои од поликарбонатно ламинирано стакло со анти-рефлективна површина, а рамката е направена од титаниум.

Индикар се трка со болиди кои наликуваат на тие кои се користат во Формула 1, но тркањето вообичаено е на овални патеки со многу инциденти. Оваа заштита треба да спречи инцидент како тој во 2015 година, кога поранешниот шампион Џастин Вилсон загина кога беше погоден во глава од остаток надруг болид.

Scroll to Top