Навивачите на Тотенхем беа зачудени од тоа што лондонскиот клуб потврди дека веќе има план за организација на победничката парада за титулата од Лигата на шампионите, една недела пред финалето да се оддржи.
Според лондонскиот клуб, на 2 јуни ќе има парада со отворен автобус, само еден ден по финалето против Ливерпул. Како дел од своите планови, финалистите од ЛШ исто така открија дека ќе се изгради подвижна сцена пред нивниот стадион, каде што ќе се крене трофејот.
„Клубот може да потврди дека има планови за парада со отворен автобус на 2 јуни ако сме успешни во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул во Мадрид. Рутата ќе биде од стадионот преку Нортамерленд паркот во 2:30 часот попладне. Очекуваме парадата да трае еден час, по што ќе има сцена пред стадионот, каде што ќе се крене трофејот“, се вели во соопштението на Тотенхем.
Малку прерано, нели?
Tottenham Hotspur have announced details of an open topped bus parade on 2 June if the club wins the Champions League Final against Liverpool the night before.
If the parade takes place there will be road closures on the day.
More details at https://t.co/PRKkWs2YT1 pic.twitter.com/U4K3DueZf8
— Enfield Council (@EnfieldCouncil) May 23, 2019