Челси се подготвени да се договорат со Реал Мадрид за трансферот на Еден Азар, но само за астрономска сума од 130 милиони фунти, јавуваат дел од англиските медиуми.
За Реал ова е преголема сума, посебно ако се знае дека Белгиецот има само уште една сезона од договорот со „сините“, што значи дека следното лето ќе биде слободен да си замине без никаква отштета.
Челси имаа две просечни сезони по освојувањето на Премиер лигата во 2017 година, по што беа само петти следната сезона, за оваа година да завршат на третото место и да обезбедат место во Лигата на шампиони. Нив ги очекува дуел со Арсенал во финалето на Лига Европа следната недела.
28-годишниот Азар повторно беше еден од најдобрите фудбалери на клубот од западен Лондон, но шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид повторно се појавија откако се веруваше дека тој ќе направи трансфер лани по Светското првенство во Русија, каде што со Белгија го освои третото место.
Зинедин Зидан најверојатно веќе се откажа од Герет Бејл ако се земат во предвид неговите последни изјави, и Азар би бил совршена замена за него, посебно ако се знае дека Зидан е љубител на играта на Азар. Но, Реал ќе треба добро да искешираат ако сакаат ова да стане реалност.
? £130m ?
Real Madrid are going to need some big money for Eden Hazard…
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 25, 2019