Ники Лауда ќе биде погребан во неговиот тркачки костум, тврди германскиот „Нахрихтен“, откако овој викенд на Монако ГП, Формула 1 ќе се прости со својот трикратен шампион, еден од најлегендарните ликови кои било кога седнале во болид.
Според „Нахрихтен“, свештеникот кој ќе присуствува на погребот на Лауда во среда ги потврдил шпекулациите дека тркачот ќе биде погребан во тркачки костум.
70-годишниот Лауда почина во понеделникот откако во 2018 година мораше да оди на уште една трансплантација на белите дробови поради огнениот инцидент кој го имаше во Нирбургринг во 1976 година, што не го спречи да се врати на Ф1 и да освои дополнителни две светски титули.
Многу тимови ги модифицираа своите болиди за да му оддадат почит на поранешниот претседател на Мерцедес, а пред утрешната трка ќе има минута молк во негова чест. Италијанскиот политичар, Паоло Гримолди, пак покрена иницијатива името на Лауда да се додаде на легендарната патека во Монца, каде што во 1976 заврши херојски на четвртото место неколку недели по инцидентот во Нирбургринг.