Top Sport

И тоа е спорт? Натпревар во гаѓање со перници во Јапонија (видео)

Јапонците секогаш имале невообичаени афинитети кон спортовите, но викендов се надминаа, откако го оддржуваат шестиот по ред јапонскиот шампионат во гаѓање со перници.

Тимови од цела Јапонија се собираат во Шизуока, каде што се оддржува финалето на натпреварувањето кое е креирано да се оддаде почит на старата јапонска традиција на тепање со перници при патување на школските екскурзии.

Мечот е едноставен – пет играчи „спијат“ под покривачите, пред свирчето на судијата да означи почеток и тие да скокнат и да почнат со акцијата. Целта е да се погоди „кралот“, а во исто време да спречат удари на својот „крал“, а еден од играчите смее да штити со покривачот. Мечот се игра во два едноминутни сета.

Scroll to Top