Виргил ван Дајк се надева дека Ливерпул можат да бидат и подобри по „лудото“ полуфинале против Барселона во финалето на Лигата на шампионите следната недела против Тотенхем.
„Црвените“ предводени од Ван Дајк се вратија од 3:0 поразот во Барселона со незаборавна 4:0 победа на „Енфилд“ во еден од најголемите мечеви во историјата на ЛШ и Холанѓанецот вели дека овојпат ќе ја завршат работата.
„Не можев да спијам многу по мечот со Барселона. Само час или два. Беше тотално лудо. Од моментот кога пристигнавме до стадионот, се знаеше дека ќе има нешто посебно. Кога Дивок Ориги го постигна тој гол рано, вербата се зголеми. Сè беше совршено таа ноќ и не беше дека имавме среќа. Целосно го заслуживме триуфмот бидејќи никој не веруваше дека по 3:0 пораз од Барселона ќе успееме. Да дадеше еден гол Меси ќе беше невозможно, но на крајот успеавме. Се надевам дека сега ќе го кренеме трофејот и ќе забележиме уште подобро сеќавање за сите“, вели Ван Дајк во интервју за „Гардијан“.
Ван Дајк вели дека неуспехот да се освои титулата од Премиер лигата по долгата битка со Манчестер сити нема да влијае лошо на тимот.
„Не размислуваме за пораз, тоа е дефинитивно. Ако ја освоиме Лигата на шампионите, нашите следни два меча ќе бидат Комјунити шилд и европскиот Суперкуп. Значи можеме да освоиме три трофеи во три меча“, додава Ван Дајк.