Од фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед ја отфрлиле можноста за реализација на трансферот, на Матијас Де Лихт, објави во неделата „Скај спорт“.
Изминатите денови медиумите шпекулираа дека Јунајтед биле подготвени за сума од 65 милиони фунти да го донесат капитенот на Ајакс. Според истиот извор, членовите на Управниот одбор на Манчестер Јунајтед, биле убедени дека Де Лихт ќе потпише за Барселона.
Де Лихт има 19 години, а веќе три години е член на првиот тим на Ајакс. Оваа сезона како капитен го предводеше тимот до двојната круна во Холандија и до полу-финалето во Лигата на шампионите.