Top Sport

Канте неизвесен за финалето против Арсенал

Челси и Арсенал во среда, во Баку, ќе се борат за трофејот во Лига Европа. Арсенал на овој меч ќе бидат без Хенрик Мхитаријан, додека кај Челси неизвесен е настапот на Нголо Канте.

Канте, еден од клучните играчи во формацијата на Маурицио Сари, се повредил на вчерашниот тренинг. Информацијата дека Канте го повредил коленото ја објавија англиските медиуми. Во врска со повредата на Канте засега не се огласиле од клубот.

На социјалните мрежи кружат информации дека играчот кој минатото лето стана светски првак со Франција, нема да игра во финалето.

Scroll to Top