Тренерот на Интер, Лучијано Спалети го оствари посакуваниот резултат, на „нероазурите“ им обезбеди ЛШ идната сезона, но се поизвесна е неговата смена на кормилото на клубот. Конте веќе е назначен, ама засега сеуште неофицијално.
По мечот со Емполи Спалети за италијанските медиуми рече дека се уште ништо не е готово.
„Не знам. По мечот со Ајакс, во Јувентус тврдеа дека Алегри останува, Ањели на прес-конференција рече дека нема да го чепка, но тогаш се се промени. Можам да научам нешто од ова однесување. На позиција сум која е перфектна и на која сакам да бидам. Се однесувам како што мислам дека треба, мирен сум“ – вели Спалети.
Интересно е што на плоштадот „Дуомо“ во Милано по пласманот во ЛШ биле сите, освен Спалети.
„Не очекував да биде вака, имавме добар меч. Притисокот се дуплираше, оставивме срце на терен“ – вели тој.