Top Sport

Ѓоковиќ е на врвот на АТП листата со над 4.400 бодови предност пред Надал

Српкиот тенисер Новак Ѓоковиќ (32) на денешното најново рангирање на АТП листата и понатаму е убедливо прв. Тој има 4.410 бодови повеќе од второпласираниот на листата, Шпанецот Рафаел Надал (32). Ѓоковиќ има 12.355 бода, а Надал 7.945.

На топ 10 листата нема никакви промени од претходното рангирање.

Трет е Швајцарецот Роџер Федерер (37) со 5.950 бода, а четвртата позиција му припаѓа на Австриецот Доминик Тим (25). Првата „петка“ ја заокружува Германецот Александер Зверев (22).

Од шестата до десеттата позиција се наоѓаат Гркот Стефанос Циципас (20), Јапонецот Кеи Нишикори (29), Кевин Андерсон (33) од Јужноафричката Република, по нив следува Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро (30) и Американецот Џон Иснер (34).

Scroll to Top