Чешката тенисерка Петра Квитова го откажа својот настап на гренд-слем турнирот Ролан Гарос во Париз, Франција. Моментно шестата светска тенисерка својот настап го откажа поради болки во раката.
„Имам болки во горниот дел од раката веќе неколку седмици и снимките покажаа посеризона повреда. Навистина ми е жал што не можам да играм, во Париз годинава. Ова беше тешка одлука“ – изјави Квитова.
Квитова денеска требаше во првото коло силите да ги одмери со Романката Сорана Кирстеа, но место неа, на мегдан на романската тенисерка ќе и излезе 131-та на ВТА листата, Словенката Каја Јуван.
Поради повреда, Квитова неодамна се повлече и од Мастерсот во Рим.
Always positive, @Petra_Kvitova ?#RG19 pic.twitter.com/v5Y7RhmApP
— Roland-Garros (@rolandgarros) May 27, 2019