Фудбалскиот клуб Њукасл наскоро би можел да добие нов сопственик. Според англиските медиуми шеикот Калед бин Зајед Ал Нехајам имал намера да го купи овој клуб од Мајк Ешли.
Ал Нехајам е член на кралското семејство од Абу Даби и е во блиски роднински врски со сопственикот на Манчестер сити. Ал Нехајан минатата година за сума од 2,5 милијарди фунти се обиде да го купи Ливерпул, но неговата понуда била одбиена.
Медиумите пренесуваат дека сите договори биле потпишани и дека Њукасл ќе биде продаден за 350 милиони фунти.