Top Sport

Кејн е подготвен за финалето

Во сабота се игра финалето во Лигата на шампионите помеѓу Тотенхем и Ливерпул. За најважниот меч не само оваа сезона туку и во клупската историја Тотенхем ќе бидат засилени со капитенот Хари Кејн.

„Се чувствувам добро. Се вратив во тимот, во полн тренинг сум. Можам да одиграм цел натпревар“, рекол Кејн.

Капитенот на Тотенхем со полна пареа тренирал во изминатите три дена. Враќањето на Кејн ќе ја зголеми самодовербата и конкуренцијата во тимот на Тотенхем.

Сепак прашање е дали менаџерот Маурицио Покетино ќе ризикува со Кејн од првата минута, бидејќи капитенот повеќе од еден месец беше надвор од тимот. Тој се повреди на во текот на првиот четврт-финален меч со Манчестер сити во Лигата на шампионите.

Без Кејн Тотенхем успеа да ги елиминира најпрвин Сити, а потоа и Ајкас и да се пласира во финалето.

Scroll to Top