Top Sport

Луси Сафарова испадна од Ролан Гарос, па ја заврши играчката кариера

Чешката тенисерка Луси Сафарова (32) ја заврши играчката кариера. Таа својот последен меч го одигра вчера, во дубл, кога заедно со Доминика Цибулкова беа поразени на Ролан Гарос од двојката Андреа Петковиќ/Софија Кенин.

Сафарова во кариерата освои седум ВТА титули, а собра и 15 трофеи во двојки.

Две од титулите ги освои во Париз, во 2015 и 2017 година, двапати го крена пехарот на Австралија Опен истите години, а во 2016 година го освои УС-опен.

Нејзиниот најдобар пласман на ВТА листата беше 5-тото место во 2015 година.

Колешките на Сафарова ја испратија во „спортска пензија“ со убави пораки:

Scroll to Top