Top Sport

Вориорс нема да ризикуваат, Дурент го пропушта и вториот меч

Кошаркарот на Голден стејт Вориорс, Кевин Дурент, ќе го пропушти и вториот меч од финалната серија во НБА лигата против Торонто Репторс, потврди тренерот на овој тим Стив Кер.

„Кер нема да го игра вториот натпревар. Се надевавме дека ќе може да игра, но тоа речиси невозможно“, рекол Кер.

Дурент се рехабилитира од повредата на листот на десната нога која ја „заработи“ во третата четвртина од петтиот меч, од полу-финалето на Западот против Хјустон Рокетс.

Инаку Дурент се наоѓа со тимот во Торонто каде в понеделник на програмата е вториот натпревар.

„Кога ќе биде подготвен ќе игра. Доколку избрзаме постои можност да ја обнови повредата , а тоа би значело крај на сезоната за него“, дополнил Кер.

Проблем за Вориорс е и Андре Игудала, кој по првиот меч се пожалил на повреда. Меѓутоа прегледот со магнетна резонанца бил „чист“ и во тимот очекуваат дека тој ќе игра в понеделник.

Репторс водат со 1-0 во серијата, првиот меч го добија со 1118:109.

Scroll to Top