Поранешниот шпански репрезентативец, Хосе Антонио Рејес, го загуби животот во сообраќајна несреќа.
Каско што објавија шпанските медиуми 35 годишниот Рејес загинал во сообраќајна несреќа што се случила утрово на патот што води од неговото родно место Уерта кон Севилја. Уерта од Севилја е оддалечена 30 километри.
Рејес кариерата ја започнал во Севилја. Тој е најмладиот првотимец во историјата на клубот. Дебито го имал на 16 годишна возраст. По пет сезони во Севилја тој се сели во Арсенал, кај Арсен Венгер. Трансферот беше вреден 30 милиони евра.
Во кариерата потоа бил играч на Реал и Атлетико Мадрид, односно Бенфика и Севилја, Еспањол, Кордоба, Сјинџијанг. Последниот ангажма му бил во Екстрамадура.