По катастрофалното прво полувреме, Вардар вчера се врати „од мртвите“.
Го направи најголемиот подвиг во историјата на ракометната Лига на шампиони откако анулираше седум гола негатива и ја потопи фаворизираната Барса Ласа.
Парондо на полувремето знаел како да ги мотивира своите ракометари, па „црвено-црната“ машина не се откажа, туку на 20 минути до крајот почна да „меле“.
Тимскиот дух, колективот, желбата за успех и упорноста значеа издигнување од дното до ѕвездите.
Погледнете го видеото кое се најде на Јутјуб, а кое одлично ја отсликува вчерашната инфаркт завршница на мечот: