Со втората освоена титула од ЕХФ Лигата на шампиони, македонскиот РК Вардар влезе во елитната група на 13 европски клубови кои повеќе од еден пат го добиле епитетот „европски шампион“, и се израмни со славните РК Металопластика и РК Загреб како најуспешен клуб од просторите на поранешна Југославија.
Барселона, клубот кој Вардар успеа да го елиминира во вчерашното драматично полуфинале, останува убедливо најуспешниот клуб со 9 освоени титули, пред германскиот Гумерзбах, кој има пет титули, освоено од 1967 до 1983 година. Пет европски клубови имаат по три трофеи (Кил, Прага, Сиудад Реал, Магдебург и СКА Минск) имаат по три трофеи, по што следува групата во која е и Вардар.
Легендарната Металопластика од Шабац беше најдобриот европски клуб во 1985 и 1986 година, во една доминантна генерација, додека РК Загреб освои две европски титули на почетокот на 1990-тите (1992 и 1993 година).
БРОЈ НА ТИТУЛИ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
1.Барселона (Шпа) 9 (1991, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2005, 2011, 2015)
2.Гумерзбах (Гер) 5 (1967, 1970, 1971, 1974, 1983)
3.ТХВ Кил (Гер) 3 (2007, 2010, 2012)
3.Дукла Прага (Чеш) 3 (1957, 1963, 1984)
3.Суидад Реал (Шпа) 3 (2006, 2008, 2009)
3.Магдебург (Гер) 3 (1978, 1981, 2002)
3.СКА Минск (Блр) 3 (1987, 1989, 1990)
8.РК ВАРДАР (Мкд) 2 (2017, 2019)
8.РК Загреб (Хрв) 2 (1992, 1993)
8.Металопластика (Срб) 2 (1985, 1986)
8.Стеауа Букурешт (Ром) 2 (1968, 1977)
8.Фриш ауф Гепинген (Гер) 2 (1960, 1962)
8.ТВ Гросвалдштат (Гер) 2 (1979, 1980)
8.Монпелје (Фра) 2 (2003, 2018)