Илија Несторовски повторно е во гол-форма, откако го постигна третиот последен гол за Палермо за да помогне во гостинската 3:1 победа над Авелино во 16. коло во Серија Б.
Палермо поведе во 36. минута со автоголот на Молина, по што Еди Гнахоре на почетокот на второто полувреме го зголеми водството на 0:2. Капитенот на Палермо, Несторовски го постигна третиот гол во 77. минута, пред Авелино да намали на 3:1 во последните 10 минути од натпреварот.
Вториот македонски репрезентативец во тимот од Сицилија, Александар Трајковски влезе во 62. минута од мечот.
По незогдниот пораз од 0:3 од Читадела во претходното коло, Палермо сега се врати на првото место во италијанската втора лига со седма победа во 16. кола.