Top Sport

Аврамовски ја кршел клупската дисциплина, Војводина го супендира

Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски е суспендиран од страна на својот клуб Војводина.

Аврамовски не бил со тимот на гостувањето во Бачка Паланка, кое Војводина го загуби 1:0. Тренерот на Војводина, Владимир Буач им открил на новинарите дека Македонецот е суспендиран.

„Аврамовски направи дисциплински прекршок, поради тоа е суспендиран и трениера одвоено од тимот. Управниот одбор ќе решава за неговиот понатамошен статус“, рекол Буач.

Аврамовски е поранешен играч на Македонија ЃП, Работнички, Црвена звезда, ОФК Белград и Олимпија. Тој со македонската У-21 репрезентација, беше учесник на Европското првенсто.

Scroll to Top