Доминик Тим со 6:4/6:4/6:2 го декласираше домашниот фаворит Гаел Монфис заз по четврти пат едноподруго да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, најавувајќи дека е насериозниот кандидат за одземање на круната „крал на земја“ од Рафаел Надал.
Дури и Монфис, мајсторот на „невозможните“ тениски удари можеше само да аплаудира кога Тим на почетокот на третиот сет, успеа да врати еден обид со удар меѓу нозе во моменти коига се мислеше дека тоа е невозможно.
“WOW HE’S MADE IT!”
? A sublime tweener from Dominic Thiem
? All Gael Monfils can do is applaud the effortShot of the tournament so far? #RG19 pic.twitter.com/TrrU0PQjmD
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) June 3, 2019
Но, за да го продолжи сонот за освојување на титулата од гренд слемот на земја, прво ќе мора да го помине четврт-финалето, каде што го чека подобриот од дуелот на осмиот носител, Хуан Мартин дел Потро и десеттиот носител, Русинот Карен Хачанов.