Top Sport

Таткото на Нејмар искрен: Подобро интернет-криминал отколку силување (видео)

Таткото на ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар, влезе во цврста одбрана на неговиот син по обвинувањата за пуштање на приватни пораки на Интернет од жената која го обвинува дека ја силувал во мај.

Фудбалерот на ПСЖ објави видео на Инстсаграм во недела наутро во обид јавно да се одбрани од обвинувањата за силување по претставката поставена до полицијата во Сао Пауло на 31 мај во која се тврди дека тој силувал една жена. Одлуката да се постават приватните фотографии со неименуваната жена придонесе полицијата да покрене истрага, но не за силување, туку за предавање на приватни информации.

Инстаграм го отстрани неговото видео, но таткото Нејмар Сениор за бразилската телевизија вели дека е подобро неговиот син да направил „интернет криминал отколку силување“.

„Немавме избор освен да го постираме тоа видео. Подобро е да се работи за интернет криминал отколку за силување. Инстаграм го симнаа видеото, бидејќи имаат правила. Нејмар го отстрани името на жената, но мораше бргу да се одбрани. Подобро е да ја кажуваш вистината и да покажеш што навистина се случило. Знаевме за уцената, но не очекувавме дека ќе стигне до полицијата“, вели Нејмар Сениор.

Тој исто така откри детали за средбата на Нејмар со жената во Париз на 15 мај, откако таа пристигна со авион од Бразил за да се сретне со фудбалерот, велејќи дека неговиот син бил исплашен од тоа што жената ја снимала нивната средба на 16 мај.

„Таа презираше што Нејмар не и даде на значење и отиде на тренинг на 16 мај. Таа сакаше тој да биде таму и кога тој пристигна, тој го виде нејзиниот телефон и сфати дека таа снима. Знаевме дека е важно да се објави видеото. Нејмар остана смирен, си замина од хотелот и и го даде билетот за Бразил. Кога сфативме дека ќе го објави тоа, зборувавме со нашите адвокати за да разбереме што е потребно да се направи. Ако сакаа пари, ние немаше да им ги дадеме“, вели Нејмар Сениор.

Scroll to Top