Македонските и европски шампиони во ракомет, РК Вардар, беа примени во претседателската вила на Водно од претседателот Стево Пендаровски, кој посочи дека успешната приказна на ракометарите останува наша гордост.
„Ги пречекавме европските шампиони, нашите спортски херои од РК Вардар! Момци, честитки и ви благодариме уште еднаш што не’ направите горди! Ќе се заложиме сите, успешната приказна на Вардар, да продолжи и понатаму да биде наша гордост и да се надградува со нови трофеи и успеси“, напиша претседателот.
По ова, ракометарите беа примени и од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој им го врачи чекот од 100.000 евра за фантастичниот успех.