Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер и шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал ќе се судрат во полуфиналето на гренд-слем турнирот Ролан Гарос во Париз.
Ваквата разврска доаѓа по денешните четвртфинални двобои на машкиот дел од турнирот во Париз во кои двајцата легендарни тенисери извојуваа победи.
Федерер имаше поквалитетен противник против себе, сонародникот Стен Вавринка. Сепак Роџер со 3-1 во сетови (7-6 4-6 7-6 6-4) славеше победа која му овозможи повторно да игра против стариот пријател, Надал, кој, пак денеска многу полесно од Швајцарецот го реши Јапонецот, Кеи Нишикори. Надал славеше победа со 3-0 во сетови, (6-1 6-1 6-3).
Storm's a coming. Perfect time for a break.@stanwawrinka | @rogerfederer | #RG19 pic.twitter.com/2BQhjwWC8w
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 4, 2019
Интересно е тоа што двете денешни четвртфинални пресметки во Париз не беа прекинати поради дожд, туку во исто време прекинаа поради силни грмежи.
Play suspended due to rain!#Federer and #Wawrinka walk off, with #Federer leading 7-6 4-6 7-6 3-3- those two probably need a breather…#Nadal, understandably unimpressed- he leads #Nishikori 6-1 6- 4-2… pic.twitter.com/FBIn1MszfW
— Live Tennis (@livetennis) June 4, 2019