Top Sport

Стариџ и Морено си одат од Ливерпул, во нив се вложени 33 милиони евра

По освојувањето на шампионската титула во ЛШ, Ливерпул останува без Алберто Морено и Даниел Стариџ, им истекоа договорите со клубот.

Шпанскиот лев бек и англискиот напаѓач кога дојдоа во Ливерпул клубот го чинеа 33 милиони евра.

Морено од Севилја дојде за 18 милиони евра пред 5 години, но не успеа да се наметне кај тренерот Кирген Клоп.

Неговото место во тимот го зазема шкотскиот фудбалер Андри Робертсон. Шпанецот не ја уживаше довербата на Клоп, па оваа сезона одигра се на се 344 минути во 5 настапи за „црвените“.

Стариџ, пак, во последните 6 сезони постојано го мачеа повреди. Дојде од Челси за 15 милиони евра, а сезонава имаше 27 настапи со 818 одиграни минути и со само 4 постигнати гола.

Scroll to Top