Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне и неговата партнерка Карла Переира сега се сопруг и сопруга, јавуваат шпанските медиуми кои велат дека минатата недела двајцата имале „тајна“ свадба пред само неколку блиски пријатели.
Според весникот „Ел паис“, иако се очекуваше дека ќе има голема свадба во јули, Симеоне и Переира решиле да ја „завршат бргу“ работата, пред во август и септември да имаат венчавање во црква, наводно во италијанската област Тоскана. Плановите се промениле за двајцата да можат да ја крстат во црква нивната ќерка, која се роди во февруари.
49-годишниот Симеоне и 33-годишната Переира, се пофалија на Инстаграм со фотографии на одмор на Карибите со нивните ќерки Франческа (која ќе наполни 3 години во септември) и Валентина, која се роди на 11 февруари.
Симеоне, кој секогаш го држел својот приватен живот далеку од очите на јавноста, има уште три сина со поранешната партнерка Каролина Балдини, од кои двајца се професионални фудбалери – 16-годишниот Џулијано кој игра за Ривер Плата и 23-годишниот Џовани, кој е напаѓач на Фиорентина.
View this post on Instagram