Top Sport

Џошуа ќе има шанса да му се одмазди на Руиз

Ентони Џошуа ќе добие шанса да се одмазди за шокантниот пораз од Мексиканецот Енди Руиз Јуниор, откако неговиот промотер Еди Херн потврди дека почнале преговорите со новиот шампион во тешка категорија.

Руиз направи едно од најголемите изненадувања во историјата на тешката категорија, откако во саботата го нокаутираше Џошуа во „Медисон сквер гарден“ за да стане првиот Мексиканец со титулата во тешка категорија. Руиз беше доцна замена за овој меч, откако Џерел „Бејби“ Милер падна на допинг-тест.

Џошуа прв го прати противникот на подот во првата рунда, но потоа тој четири пати се наоѓаше во нокдаун, пред во седмата рунда судијата да го прекине мечот. Руиз во договорот за мечот има клаузула за ри-меч и Херн потврди дека тие ќе ја активираат и дека мечот ќе се оддржи во ноември или декември.

Руиз вчера изјави дека очекува ри-мечот да биде во Мексико.

„Никогаш сме немале шампион во тешка категорија и сакам моите навивачи да добијат шанса да ме гледаат“, вели Руиз.

„Дебелкото“ Руиз го нокаутираше неприкосновениот Џошуа (видео)

Scroll to Top