Top Sport

Француските светски шампиони одликувани со „Lеgiоn d’honneur“

Француската фудбалска репрезентација, која минатото лето стигна на импресивен начин до титулата од Светското првенство во Русија, од претседателот Емануел Макрон беше одликувана со Легија на честа (Lеgiоn d’honneur), највисокото одликување на Француската република.

Тимот на Дидие Дешам стигна до својата втора светска титула по 4:2 победата над Хрватска во финалето, а тројцата стрелци од тој натпревар, Пол Погба, Антоан Гризман и Килијан Мбапе беа пристутни во Елисејската палата во Париз.

Франција се подготвува за квалификациските мечеви за Евро 2020 – во сабота игра со Турција, а во вторник со Андора.

Scroll to Top