Рафаел Надал признава дека „мразел“ да игра против својот долгогодишен ривал Рафаел Надал и против други левучари бидејќи морал да научи како да „контрира“ на ваквиот стил на игра.
Федерер и Надал ќе се сретнат во класично полуфинале на Ролан Гарос во петок, откако го помина Стен Вавринка во вторникот за прв пласман во четврт-финале во Париз од 2012 година. Надал е апсолутен фаворит во овој дуел, бидејќи има 11 титули од Ролан Гарос и неверојатен 91-2 скор на турнирот.
Федерер, кој има 15 победи во 38 меча со Надал, последен пат го победи Шпанецот на земја во финалето во Хамбург во 2007 година, но вели дека најголемиот предизвик бил да се адаптира на играта на Шпанецот на било која подлога.
„Јас ќе го следам мојот план на игра и тоа што ми дозволува мојата игра. Со Рафа на земја, секако, тоа ќе биде крајниот предизвик, морате да бидете свесен против кого играте. Покрај тоа, тој е левучар и тоа менува сè. Имам два дена, што значи дека ќе можам да тренирам за игра против левучари, кога мораш да направиш големи промени. Никогаш не е природно да се игра против левучари, Рафа или било кој друг. Порано многу мразев кога ќе играв против него, бидејќи предизвикот е најголем, но сега уживам во тестот“, вели Федерер.
Надал, пак, вели дека едвај чека да се сретне со стариот ривал.
„Двајцата ги делевме најважните моменти во нашата кариера заедно еден против друг. Ова е нова епизода и среќен сум што ја имаме, бидејќи моментот ќе биде посебен“, изјави Надал.