Top Sport

Првата „лудачка“ скијачка трка за Беат Фојц (видео)

Светскиот шампион во спуст, Беат Фојц е победник на првата „лудачка“ спусташка трка оваа сезона, откако на скратената патека во Лејк Луис, Канада, ги победи олимпискиот шампион Матијас Маер и норвешкиот ветеран Аксел Лунд Свиндал.

30-годишниот Швајцарец до својата осма победа во Светскиот куп стигна со време од 1:43.76, само девет стоти делови од секундата побрзо од Австриецот Маер, додека Свиндал, во својата прва трка по уште еден кам-бек по повредите, беше поспор за 32 стотинки. За Фојц ова е прва победа од март 2016 година.

Патеката беше влажна поради некарактеристично високите температури во Канада, така што организаторите се решија на скратена патека.

Трката беше целосно посветена на францускиот спусташ Давид Поасон, кој го загуби животот на тренинг во Канада минатиот живот. Сите скијачи носеа црна лента, а Фојц дури на кацигата имаше обоено француско знаме во срце. Најдобар Французин на патеката беше Адриен Тео со седмо најдобро време со 0.85 секунди послабо време.

Утре на програмата е супер-џи трката, исто така прва од новата сезона во Светскиот куп.


Scroll to Top