Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни го пречека својот поранешен соиграч од Арсенал, Арон Ремзи во Торино, откако Велшанецот си замина од „топчиите“ со слободен трансфер ова лето.
Шчесни и Ремзи беа соиграчи од 2009 до 2017 во Арсенал, период во кој освоија две титул од ФА купот заедно, а неодамна Полјакот најави дека ќе се „грижи“ за Ремзи во Италија.
„Бевме на една заедничка вечера и тој ќе биде фантастичен фудбалер за Јувентус. Кога е физички подготвен е еден од најдобрите на светот, знае да дава голови и да биде асистент. Зборувавме и пред да потпише за Јувентус и му кажав никако да не ги одбива и тој ме послуша. Ќе се погрижам да му помогнам во адаптацијата“, изјави Шчесни.