Top Sport

Инсиње: Сари ќе не предаде сите со трансфер во Јувентус

Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње вели дека Маурицио Сари ќе направи големо „предавство“ ако стане тренер на Јувентус.

Инсиње, кој работеше со Сари во Наполи од 2015 до 2018, двапати стигнувајќи до второто место во Серија А, вели дека сите навивачи на Наполи мислат исто како него кога ги слушаат шпекулациите дека Сари ќе замине од Челси и ќе го пополни испразнетото место од Макс Алегри.

„Тоа е шпекулација која ми носи големо незадоволство. Тој направи многу за нас и за сите наполитанци, но во исто време е професионалец. Ако го избере Јуве ќе боли многу, ќе биде вистинско предавство на сите нас“, вели Инсиње.

Претходно, и Жоргињо, кој го следеше Сари од Наполи во Челси, го предупреди тренерот дека ќе биде сметан за предавник ако потпише за Јувентус.

Жоргињо: Сари ќе биде предавник ако отиде во Јуве

Scroll to Top