Кошаркарите на Торонто Репторс го совладаа сеуште актуелниот НБА шампион Голден Стејт Вориорс во „Оракл Арена“ во Оукленд со 123-109 и им го вратија брејкот на „воините, по што поведоа со 2-1 во финалната серија.
За секој нереален шут што синоќа го погоди Стеф Кари, Каваи Ленард и Дени Грин имаа подготвен одговор. Малкумина се тие што веруваа дека ваков исход е возможен во финална серија по три одиграни натпревари „грабливците“ да имаат водство од 2-1 против шампионите.
Каваи Ленард постигна 30 поени во победата на својот тим, Лаури имаше 23, а Паскал Сијакам забележа 18 поени, исто колку што имаше и Дени Грин. Со 17 поени на салдото мечот го заврши Шпанецот Марк Гасол.
На крајот на мечот Стеф Кари од губитничката екипа забележа ефект од 47 поени, со 8 скока и 7 асистенции. Освен него, единствени двоцифрени кај Голден Стејт беа Дрејмонд Грин и Андре Игудала со 17, односно 11 поени. Поради повреди кај шампионот не настапија Кевин Дурант, Клеј Томпсон и Кевон Луни.
Четвртиот меч од финалната серија се игра ноќта меѓу петок и сабота повторно во Оукленд.
https://youtube.com/watch?v=3DFMN9JOhy0