Реванш мечот меѓу новиот светски првак в тешка категорија, Мексиканецот Енди Руиз Јуниор и Бротанецот, Ентони Џошуа ќе се случи кон крајот на годинава, потврди организаторот на боксерските приредби, Еди Херн.
„Во вторникот ја активиравме клаузулата за реванш во договорот со Енди Руиз Јуниор“ рече Херн кој посочи дека градот каде ќе се одвива мечот ќе биде дополнително одреден.
Според информациите од англиските медиуми, би можело реваншот да се одржи и во Лондон, но не е исклучена можноста Џошуа да прифати тоа да биде Лас Вегас или Лос Анџелес.
Во меѓувреме новиот боксерски крал поставува услови доколку Англичаните сакаат реваншот да се одржи во Велика Британија.
„Мојот тим сега преговара за реваншот. На мене ми преостанува да останам здрав и подготвен да го дочекам мечот. Би сакал реваншот да е во САД или во Мексико. Се зависи од преговорите. Ако сакаат борба во Велика Британија, ќе мора за тоа да ми платата 50 милиони долари“ – изјави Руиз Јуниор.