Американскиот бизнисмен со италијанско потекло, и поранешен сопственик на Њујорк космос, Роко Комисо го комплетираше преземањето на Фиорентина. Од клубот од Фиренца потврдија дека Комисо веќе три години работел на откупување на клубот, за кој според италијанските медиуми платил околу 160 милиони евра.
„Секогаш сум бил љубител на италијанскиот фудбал и немам зборови да опишам колку сум почестен што можам да бидам дел од новото поглавје на легендарен клуб како Фиорентина. Фиренца е позната низ целиот свет како град кој најдобро ја претставува италијанската култура. Во овие три години во кои преговарав за клубот, дополнително сфатив колку е важна Виола за градот и за навивачите. Благодарам на семејството Дела Вале кои го водеа клубот последните 17 години. Диего и Андреа го спасија клубот од финансиски колапс и оставија силни темели за градење на клубот“, вели 69-годишниот Комисо, кој е сопственик на петтата најголема кабловска ТВ мрежа во САД.
Комисо, кој е на листата на топ 500 најбогати луѓе во САД, минатата година се обиде да го купи Милан, но кинескиот газда Ли Јонгхонг ја одби неговата понуда, по што неколку недели подоцна го загуби клубот од доверителот „Елиот менаџмент“.
Rocco B. Commisso è il nuovo proprietario del Club.
Il comunicato ?️ https://t.co/U7Q7mcr2DW#RoccoCommisso #ACFFiorentina #Florence #ForzaViola pic.twitter.com/kikjvQPz32— ACF Fiorentina (@acffiorentina) June 6, 2019