Алваро Мората открива дека не се чувствувал „сакан“ во Челси и признава дека е очаен Атлетико Мадрид да му даде постојан договор бидејќи не сака да се врати на „Стемфорд бриџ“.
26-годишниот Мората дојде во Лондон од Реал Мадрид во 2017 и не успеа да се наметне во Премиер лигата, постигнувајќи 16 гола во две и пол сезони со Челси, пред во јануари 2019 да замине во Атлетико како позајмен фудбалер, иако тие имаат опција да потпишат постојан договор со него.
„Во Челси ја загубив самодовербата. Бев вознемирен од мислењето на луѓето во Англија и мислам дека тие ме фатија во незгодно време. Не се чувствував сакан и почитуван ниту од клубот, ниту од навивачите. Работите започнаа добро, но повредата ме остави ’заглавен’. И покрај тоа го освоивме ФА купот, но не бев во тимот за Светското првенство и тоа беше најлошото што можеше да ми се случи“, признава Мората во интервју за порталот „Гол“.
Сега, тој бара од „јорганџиите“ да му дадат шанса.
„Потписот со Атлетико беше најдоброто нешто што можеше да ми се случи. Во Лондон од позиција на некој за кого имаше песна, дојдов до тоа да не смеам да излезам од Лондон. Атлетико беше судбина. Ме мотивираше тоа што Симеоне ми се јави и ми кажа дека сум важен за нив. Има моменти во кои има работи кои се поважни од славата, парите и другите работи. Би сакал да бидам тука секоја година додека играм на највисоко ниво. Но, Челси можат да ме побараат назад и ќе видиме што ќе се случи. На Атлетико им кажав дека треба да направат сè што е можно да ме заддржат бидејќи сакам да сум тука“, додава Мората.